• понеделник, 23 декември 2024

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во режија на Бојана Лазовиќ

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во режија на Бојана Лазовиќ

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - На сцената на Националната опера и балет во Скопје вечерва ќе се прикаже премиерата на комедијата „Жени во црвено“, во режија на Бојана Лазовиќ.

Како што информираат од JEС Продукција од Скопје, комедијата „Жени во црвено“ на комичен начин ги обработува темите на долгови, финансиски кризи и животните предизвици, истовремено потсетувајќи на важноста од солидарноста, пријателството и заедничкото справување со проблемите.

Во претставата играат актерките Олга Одановиќ, Дубравка Мијатовиќ, Анастасија Мандиќ и Сена Ѓоровиќ. 

-Претставата раскажува за четири жени кои се наоѓаат во комична, но истовремено и сериозна ситуација. Поранешната стјуардеса Тамара и нејзината сестра Нора, која е невработена, се соочуваат со финансиски тешкотии и неможност да го платат својот станбен кредит. Динка, службеничка од банката, доаѓа со намера да го конфискува имотот, но се соочува со неочекуван отпор од сестрите. За да го задржат својот дом, тие преземаат драстични чекори, додека надвор од нивната зграда полицијата и специјалните единици го заоструваат конфликтот. Во меѓувреме, на местото на настанот пристигнува полицајката Анѓа, со свој личен проблем. Нивната изведба ветува вечер полна со смеа и забава, соопштуваат од JEС Продукција од Скопје.фф/вг/

Фото: JEС Продукција од Скопје

Остани поврзан