• сабота, 23 ноември 2024

Преку петиција жител на Делчево бара уредување на просторот на булевар „Македонија“

Преку петиција жител на Делчево бара уредување на просторот на булевар „Македонија“
Делчево, 18 ноември 2021 (МИА) - Преку петиција жител на Делчево бара уредување на просторот спроти полицијата на булевар „Македонија“ и негова пренамена во паркинг и урбано катче. Петицијата како што информира подносителот Зоран Македонски е продолжување на неговото барање од 2017 година и е поддржана со над 200 потписи од граѓани на Делчево. - На 17 декември 2017 година имам собрaно 210 потписи од граѓани на Општина Делчево, за уредување на земјиште спроти полицијата во Делчево, земјиште кое што треба да се уреди како парк и паркинг простор кое што е потреба за сите граѓани на Општина Делчево. За таа петиција до ден денеска немам одговор и затоа прашувам  како планираат надлежните да го решат проблемот со метежот во сообраќајот на булевар „Македонија“, која е на магистрала на која не смеат да се паркираат возила, рече Македонски. Тој додава дека оваа петиција е внесена и заведена со архивски број и планира да побара нејзина реактивација, со цел да се постапи по иницијативата за изградба на паркинг простор. Од Општината пак, велат дека се работи по приоритети и план, уверуваат дека кога ќе се создадат услови ќе се реши и тоа прашање. вс/свс/

Остани поврзан