• петок, 22 ноември 2024

Преку кампањата „Нови дресови за нови шампиони“ донирана спортска опрема на локални клубови

Преку кампањата „Нови дресови за нови шампиони“ донирана спортска опрема на локални клубови
Скопје, 31 август 2021 (МИА) - Во рамки на кампањата „Нови дресови за нови шампиони“ компанијата „Mozzart“ обезбеди комплетна спортска опрема за повеќе од 70 мали спортски колективи низ државава. Како што информираат од компанијата, направени се повеќе од 2.000 дресови. -Нашата цел е преку оваа кампања да ги поддржиме локалните спортски клубови, а со тоа да придонесеме кон развојот на домашниот спорт. Настојуваме да ги опфатиме сите категории, од најмалите јуниори до искусните сениори, женски и машки клубови од различни спортови меѓу кои фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и др. Продолжуваме и понатаму со оваа кампања која носи надеж помеѓу спортистите и им посакуваме многу нови успеси на патот кон врвот, стои во соопштението. Опрема им е донирана на фудбалски, кошаркарски, ракометни и одбојкарски клубови и опфатени се различни категории, од клубови кои играат рекреативно до клубови кои се натпреваруваат во некоја професионална лига. свс/бак/    

Остани поврзан