• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Прекин на водоснабдувањето кај корисниците во неколку скопски населби

Прекин на водоснабдувањето кај корисниците во неколку скопски населби

Скопје, 16 февруари 2023 (МИА) - Поради промена на затворач ф-600 мм во Парк шума Гази Баба, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: дел од „Христијан Тодоровски Карпош“, „Цветан Димов“, непарните броеви од „Џон Кенеди“, „Кемал Ататурк“, „Панче Неделковски“, „Коста Абрашевиќ, „Јајце“, „Ордан Чопела“ и „Сараевска“, вклучително и ЈЗУ Специјализирана болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со работните активности. см/вг/

Остани поврзан