• недела, 22 декември 2024

Прекинат натпреварот Гранада – Атлетик, навивач доживеа срцев удар

Прекинат натпреварот Гранада – Атлетик, навивач доживеа срцев удар

Гранада, 10 декември 2023 (МИА) – Натпреварот од 16. коло во шпанското фудбалско првенство меѓу Гранада и Атлетик Билбао е прекинат вечерва во 18. минута, откако еден навивач на трибините на стадионот „Нуево Лос Карменес“ доживеа срцев удар.

Пред да биде прекинат натпреварот, гостинската екипа дојде во водство со голот на Инаки Вилијамс во 6 минута.

Дванаесет минути подоцна главниот судија Мигуел Анхел Отиз означи прекин на играта, откако гостинскиот голман Унаи Симон му укажа на метеж на трибините, каде веднаш се упатија лекарите од двете екипи.

По повеќе од 20 минути чекање натпреварот да продолжи, судијата ги испрати играчите од двете екипи во соблекувалните. Речиси еден час по прекинот официјално беше објавено дека натпреварот вечерва нема да биде продолжен. ег/мс/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан