Презентирана програмата за енергетска ефикасност „Замени“ на Општина Аеродром
- Општина Аеродром ја презентираше програмата за енергетска ефикасност „Замени“ во рамките на Стратегиската платформа за локален економски развој 2021-2025 година „Аеродром – прва општина со ев
Скопје, 25 март 2021 (МИА)- Општина Аеродром ја презентираше програмата за енергетска ефикасност „Замени“ во рамките на Стратегиската платформа за локален економски развој 2021-2025 година „Аеродром – прва општина со европско знаменце.
-Акцискиот план на Програмата за енергетска ефикасност опфаќа сериозен пакет мерки со кои значајно се поттикнуваат жителите на Општина Аеродром да преземат соодветни заменски активности по свој избор со кои ќе ги намалат трошоците, а истовремено ќе придонесат за зголемена енергетска ефикасност на ниво на цела општина, рече Владимир Стевков, директор на претпријатието за управување со развојни проекти на Општина Аеродром .
Додава дека ова е само почеток на соработка со заедниците на станари.
Станарите на неколку состаноци биле информирани дека можат да изберат меѓу обнова на фасада, реконструкција на покрив, нови ПВЦ надворешни прозорци и врати, набавка на лифт, „смарт“ систем за користење заедничка електрична енергија или да инвестираат во фотоволтаични покривни површини за генерирање соларна енергија.
-Заедниците на станари добиваат можност да донесат одлука што конкретно сакаат да заменат во својата зграда, а Општината ќе учествува со одреден процент при секој потфат, смета раководителот Ѓорѓиевски, раководител на Сектор за работи на градоначалник.
Од општина Аеродром информираат дека во изминатиот период се одржале неколку презентации пред фирмите за домување со станбените објекти и на тој начин жителите на повеќе од 500 влеза добиле детали за предвидениот проект, како и дека во наредниот период се очекувал одговор од жителите со цел да ги финишираат проектите и на терен.свс/лв/