• сабота, 29 јуни 2024

Презентирана едицијата „Социологија на граѓанството - една француска триологија“

Презентирана едицијата „Социологија на граѓанството - една француска триологија“

Скопје, 31 јануари 2022 (МИА) - Постои простор Северна Македонија и Франција да соработуваат во потврдување на граѓанската свест преку образование или преку граѓанско партнерство, изјави денеска во Скопје францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер на Трибината „Граѓанственоста денес: Француски и македонски предизвици“.

На трибината, организирана по повод објавување на француската едиција „Социологија на граѓанството - една француска триологија“ на македонски јазик, амбасадорот Бомгартнер, истакна дека оваа едиција е од голема важност за граѓанственоста во двете земји.

- Од овој настан би требало да добиеме вкрстени погледи околу овој концепт на граѓанственост помеѓу нашите две земји. Иако нашите две земји се соочуваат со мултиетнички општества, кои се граѓанските права и републиканските или општествените вредности што не обединуваат во рамките на нашите две земји и како се артикулира оваа граѓанственост кога станува збор за припадноста на Европската унија, што е наша заедничка иднина, истакна Бомгартнер.

Тој нагласи дека има една правна активна акција на концептот за граѓанското, се поставува прашањето дали постои простор нашите земји да соработуваат заедно со цел да се потврди таа граѓанска свест преку образование или преку нашето граѓанство партнерство.

Деканот на Филозофскиот факултет, професорот Ратко Дуев на трибината се осврна на значењето на ваквите иницијативи за образовниот процес.

- Генерација која стекнува знаење без воопшто да разбере како тоа знаење може да биде од полза на заедницата, е генерација која не учи што е да се биде граѓанин на демократијата. Како граѓани сите имаме обврска да интервенираме и да се вклучиме, граѓанинот е тој што ги менува работите, изјави професорот Дуев.

Издавачи на едицијата се Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), како дел од програмата Цивика мобилитис, и Филозофскиот факултет при УКИМ. свс/сп/

Остани поврзан