• среда, 06 ноември 2024

Презентација на реконструираните и реновираните објекти на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ во Куманово

Презентација на реконструираните и реновираните објекти на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ во Куманово

Куманово, 9 август 2024 (МИА) - Во просториите на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“ во Куманово денеска ќе се одржи презентација на реконструираните и реновираните објекти на овој училишен центар.

Реконструкцијата на овој објект, како што соопштија организаторите на настанот, била изведена со помош на Европската унија преку проектот на „ЕУ за млади“.

Најавено е дека на презентацијата ќе се обратат заменик министерот за образование и наука проф. д-р Лулзим Алиу, како и Александру Албу, шеф на оддел во Делегацијата на ЕУ, Галиа Божанова, тим лидер на проектот Техничка помош на Договорот за изведба на реформи во секторот „ЕУ за Млади“ и Весна Трајковска, директорка на РЦСОО „Киро Бурназ“. цр/вг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан