• недела, 24 ноември 2024

Презентација на резултатите од загадувањето на воздухот во општините – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга

Презентација на резултатите од загадувањето на воздухот во општините – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) – Во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, којшто го спроведува УНДП во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање, денеска, во хотел Александар Палас ќе се презентираат резултати од загадувањето на воздухот во пет општини – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, настанот ќе го отвори првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјан, додека резултатите од истражувањето ќе ги сподели ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. Дејан Мираковски.

Проектот е дел од Рамковната програма на УНДП, којашто е финансирана од Шведска, а го вклучува и проектот „Јакнење на општинските капацитет за имплементација на проекти“. ра/нд/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан