Презентација на Програмата за поддршка за социјална сигурност на земјоделките
- Министрите за труд и социјална политика и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јованка Тренчевска и Љупчо Николовски денеска ќе присуствуваат на презентација на Програмата за поддршка за социјална сигурност за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност и поддршките наменети за земјоделките преку Програмата за финансиска поддршка за рурален развој 2023 година.

Кривогаштани, 10 март 2023 (МИА) - Министрите за труд и социјална политика и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јованка Тренчевска и Љупчо Николовски денеска ќе присуствуваат на презентација на Програмата за поддршка за социјална сигурност за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност и поддршките наменети за земјоделките преку Програмата за финансиска поддршка за рурален развој 2023 година.
На настанот, кој го организира Министерството за труд и социјална политика во рамки на караванот за родова еднаквост посветувајќи го месец март на менталното здравје и благосостојбата на жените како предуслов за родова еднаквост, ќе присуствуваат и претседателката на Националната федерација на фармери, Васка Мојсовска и градоначалникот на Кривогаштани, Николче Мискоски. сп/
Фото: МИА Архива