• понеделник, 23 декември 2024

Презентација на наодите од истражувањето „Вовед во студентска дискриминација“

Презентација на наодите од истражувањето „Вовед во студентска дискриминација“
Скопје, 25 февруари 2022 (МИА) - Младинскиот образовен форум (МОФ) денеска ќе ги презентира клучните наоди и препораки од истражувањето „Вовед во студентска дискриминација“. Истражувањето е работено изминативе неколку месеци, а се осврнува на студентската перцепција за дискриминација при државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, „Гоце Делчев“ во Штип, „Св. Климент Охридски“ во Битола и Државниот универзитет во Тетово. Дополнително, во рамки на самото истражување се креирани и препораки насочени кон релевантните институции, а во насока на превенција и санкционирање на дискриминацијата. Како што најавија организаторите, покрај промоцијата на наодите, во рамки на настанот ќе се одржи и куса панел-дискусија, во која релевантни претставници на институциите ќе дадат свое видување во однос на наодите и препораките од истражувањето.бт/вг/

Остани поврзан