• четврток, 19 декември 2024

Презентација на конечните резултати од Пописот на населението на Црна Гора

Презентација на конечните резултати од Пописот на населението на Црна Гора

Подгорица, 15 октомври 2024 (МИА) - Црногорскиот завод за статистика (Монстат) денеска ќе презентира дел од конечните резултати од Пописот на населението, домаќинствата и становите во Црна Гора, што беше спроведен на крајот на минатата година по двегодишно доцнење.  

Како што соопшти Монстат, на прес-конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од населението според пол и возраст, државјанство, национална или етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик што вообичаено се зборува.

Директорот на Монстат, Мирослав Пејовиќ, претходно изјави дека во наредните денови сукцесивно ќе се објавуваат податоци за другите карактеристики на населението. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан