• четврток, 10 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Презентација на истражувањето „Родова еднаквост и инклузивност во спортот во Северна Македонија“

Презентација на истражувањето „Родова еднаквост и инклузивност во спортот во Северна Македонија“

Скопје, 24 април 2025 (МИА) - Македонскиот Олимписки Комитет, во соработка со партнерите на проектот „Фер игра:Поддршка за родова еднаквост во спортските политики“, денеска ќе презентира истражување „Родова еднаквост и инклузивност во спортот во Северна Македонија“. Настанот ќе се одржи во 12 часот во просториите на МОК.  

Истражувањето, спроведено од Силвија Митевска, Бојана Јовановска и Елена Кочоска, првпат систематски ги анализира застапеноста и положбата на жените, вклучувајќи ги и жените со попреченост, во националните спортски федерации, Олимпискиот и Параолимпискиот комитет.

Во него се користени комбинирани квантитативни и квалитативни методи, како што се онлајн анкети, структурирани интервјуа и фокус-групи, за да се идентификуваат структурните и културните бариери со кои се соочуваат жените во пристапот до раководни позиции во спортските организации.

Од Македонскиот Олимписки Комитет најавија и дека ќе доделат суб-грантови на 15 национални спортски федерации, во износ од 6.700 евра по федерација, како поддршка за имплементација на активности поврзани со унапредување на родовата еднаквост во спортот.ар/лв/
Фото:МИА 

 

Остани поврзан