• понеделник, 23 декември 2024

Презентација на анализа на производите за управување со менструалното здравје

Презентација на анализа на производите за управување со менструалното здравје
Скопје, 23 февруари 2022 (МИА) – Во рамки на проектот „Родова даночна дискриминација“ денеска ќе се одржи онлајн презентација на трошковната анализа на производите за управување со менструалното здравје. Проектот е реализиран како под-грант во рамки на проектот на Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП „Мрежа за родово одговорно буџетирање во Западен Балкан и Република Молдавија“ финансиран од Австриската агенција за развој (АDA) и Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA). Покрај претставување на резултатите од анализата, предвидени се и препораки за искоренување на менструалната сиромаштија преку намалување на ДДВ/субвенционирање на производите.свс/вг/

Остани поврзан