• сабота, 23 ноември 2024

Презентација на анализа за можностите за остварување на правото на боледување на регистрираните земјоделци

Презентација на анализа за можностите за остварување на правото на боледување на регистрираните земјоделци
Скопје, 7 март 2022 (МИА) - Во „Клубот на пратеници“ во Скопје денеска ќе се оддржи презентација на „Анализата за наоѓање на правен механизам за остварување на правото за користење на платено родителско отсуство и боледување за регистрираните земјоделки и земјоделци“. Како што соопшти МТСП, анализата е подготвена од страна на Националната федерација на фармери во рамките на активности поврзани со родовата еднаквост во руралните средини, поддржани од Шведската организација за развој We Effect, во соработка со Министерството за труд и социјална политика. На презентацијата обраќања ќе имаат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери. сст/дма/

Остани поврзан