• вторник, 14 мај 2024

Презентации на можностите за студирање и живеење во Словенија

Презентации на можностите за студирање и живеење во Словенија
Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) - Две презентации кои ги опфаќаат можностите за студирање и живеење во Словенија ќе се одржат утре во Скопје. Организатори на презентациите се националната иницијатива „Студирајте во Словенија“, поддржана од словенечките високообразовни институции и Министерството за образование, CMEPIUS, Центар на Република Словенија за мобилност и европски програми за образование и обука и Erasmus Slovenia. На презентацијата ќе бидат претставени најголемите словенечки универзитети, а ќе бидат споделени и личните искуства на странските студенти во Словенија. рп/мд/

Остани поврзан