• недела, 22 декември 2024

Предупредување: И најмала ерупција на Фуџи би можела да го блокира сообраќајот во Токио

Предупредување: И најмала ерупција на Фуџи би можела да го блокира сообраќајот во Токио
Токио, 31 март 2020 (МИА) - Јапонскиот владин совет денеска предупреди дека која било голема ерупција на вулканот на планината Фуџи би можела да исфрли толку многу пепел врз Токио за да го наруши копнениот сообраќај во траење од три часа. Во предупредувањето објавено на интернет-страницата на јапонската Влада се наведува дека симулацијата покажала дека при ерупција на Фуџи врз главниот град на Јапонија би паднало толкаво количество пепел што би го запрел и железничкиот сообраќај кон Токио. - Неколку сантиметри пепел би можеле да ги затнат филтрите на електраните и да ја намалат видливоста до нула, се истакнува во соопштението. Вулканот на планината Фуџи последен пат еруптираше пред повеќе од 300 години, но повремено е активен. Јапонија е една од државите со најголема сеизмичка активност и годишно се случуваат повеќе земјотреси и ерупции на вулкани. Во земјата активни се 110 вулкани, од кои половината се под постојан надзор. ми/

Остани поврзан