• петок, 22 ноември 2024

Предметот кој опфаќа „работа во недела” немаше доволно мнозинство на гласови на денешната седница во Уставниот суд

Предметот кој опфаќа „работа во недела” немаше доволно мнозинство на гласови на денешната седница во Уставниот суд
Скопје, 14 септември 2022 Уставниот суд денеска ја одржа XXVIII-та седница со дневен ред на кој се расправаше по три реферати, меѓу кои и рефератот У.бр.4/2022 кој опфаќа „работа во недела”. Уставниот суд не донесе одлука за овој предмет поради недоволно мнозинство на гласови, односно еден од судиите на јавната расправа се изјасни дека нема да го поддржи рефератот. Предлогот на овој предмет гласеше „да не се поведе постапка”,  што значи Законот да остане во правниот поредок, односно недела да остане неработен ден, освен во дејностите за кои е исклучок и кои се предвидени со овој закон. Потсетуваме дека Уставниот суд работи со вкупно пет судии од предвидени девет според Уставот, а за одлучување се потребни најмалку петмина, колку што се вкупно судии во моментов. Уставен суд  ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан