• вторник, 05 ноември 2024

Предложен притвор за скопјанец за недозволено држење оружје и муниција

Предложен притвор за скопјанец за недозволено држење оружје и муниција

Скопје, 5 април 2024 (МИА) - Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд доставил предлог за определување мерка притвор за лице осомничено за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 од Кривичниот законик, соопштија вечерва од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. 

Против 29 годишен скопјанец е донесена наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи на 4 април, во својот автомобил држел оружје и муниција, два полуавтоматски пиштоли и 20 куршуми, без да поседува дозвола за нив.

- Кога полициски службеници на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош” во Скопје го запреле да го легитимираат, тој се дал во бегство и од прозорецот на возилото ги фрлил пиштолите и муницијата завиткани во јакна, се појаснува во соопштението.

Во соопштението од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија се додава дека Јавниот обвинител ја предложил притворската мерка, оценувајќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан