• понеделник, 23 декември 2024

Предложен притвор за петмина дилери на дрога од Скопје

Предложен притвор за петмина дилери на дрога од Скопје

Скопје, 17 март 2023 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражни постапки против петмина осомничени за продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Од обвинителството информираат дека во периодот од крајот на јануари до средината на март, осомничените четворица мажи и една жена, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики.

- Со посебни истражни мерки и други дејствија по наредба на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обезбедени се докази за основано сомнение дека осомничените во наведениот период неовластено заради продажба купувале, држеле и продавале психотропна супстанца – амфетамин, стимуланс на централниот нервен систем (ЦНС) кој е класифициран во Националната листа II на контролирани психотропни супстанции, се вели во соопштението.

Од Обвинителството појаснуваат дека при претресите извршени на седум локации во Скопје во текот на вчерашниот ден и рано утрово, припадници на Единица за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје откриле лабораторија за производство на амфетамин, како и дрога со проценета вредност на „црниот пазар“ од околу половина милион евра.

Амфетаминот бил во количина од околу седум килограми, еден килограм кокаин, околу 22 килограми марихуана, околу 3000 таблети екстази, повеќе дигитални ваги и опрема за производство на амфетамин, евиденции, тетратки и листови со прибелешки за должници односно лица кои купувале дрога, како и пари за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога.

При претресите извршени на седум локации во Скопје во текот на вчерашниот ден и рано утрово, припадници на Единица за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје открија лабораторија за производство на амфетамин, како и дрога со проценета вредност на „црниот пазар“ од околу половина милион евра – амфетамин во количина од околу седум килограми, еден килограм кокаин, околу 22 килограми марихуана, околу 3000 таблети екстази, повеќе дигитални ваги и опрема за производство на амфетамин, евиденции, тетратки и листови со прибелешки за должници односно лица кои купувале дрога, како и пари за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога.
Еден од осомничените се товари и за кривично дело – Неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи при претресот кај него била пронајдена и автоматска пушка, 667 куршуми со различен калибар, рамки и други делови од огнено оружје.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, бидејќи оцени дека постои опасност тие да се дадат во бегство или да го повторат делото.​

- Еден од осомничените се товари и за кривично дело – Неовластено изработување, држење посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи при претресот кај него била пронајдена и автоматска пушка, 667 куршуми со различен калибар, рамки и други делови од огнено оружје, информираат од обвинителството.

Оттаму велат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје попладнево доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените, бидејќи оценил дека постои опасност тие да се дадат во бегство или да го повторат делото. сх/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан