• четврток, 04 декември 2025

Предавање на германскиот професор Антолин за предисториските локалитети во земјава

Предавање на германскиот професор Антолин за предисториските локалитети во земјава

Скопје, 4 декември 2025 (МИА) - Германскиот проф. д-р Феран Антолин од Германскиот археолошки институт денеска ќе одржи предавање на Филозофскиот факултет при УКИМ.

Антолин е еден од водечките светски археоботаничари и повеќе години работи на неколку предисториски локалитети во Македонија. Оттука и насловот на неговото предавање „Dehusking Early Farmers: what archaeobotany is teaching us about the Neolithic in Pelagonia and Lake Ohrid“, а во кое ќе ги претстави извонредните сознанија поврзани со појавата и значењето на земјоделството во овие краишта пред околу 8000 години.

Од Филозофскиот факултет информираат дека предавањето ќе започне во 13 часот на Филозофскиот факултет во Салата за седници и ќе биде одлична можност студентите, стручњаците, но и љубителите на минатото, да се запознаат со археоботаничките методи и со најновите сознанија поврзани со неолитското стопанство на тумбите во Пелагонија и наколните населби на Охридското Езеро. нд/вг/

Фото: МИА

 

Остани поврзан