Предавање за јапонските устави од професор Цукимура на „Јустинијан Први“
- Во рамките на активностите со кои се одбележува почетокот на новата учебна година, денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, предавање одржа професорот Таро Цукимура од Универзитетот „Дошиша“ во Кјото, Јапонија.
Скопје, 2 октомври 2025 (МИА) - Во рамките на активностите со кои се одбележува почетокот на новата учебна година, денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, предавање одржа професорот Таро Цукимура од Универзитетот „Дошиша“ во Кјото, Јапонија.
Предавањето на професорот Цукимура беше фокусирано на уставите на современа Јапонија, а студентите имаа можност да се запознаат со главните специфики на двата јапонски устави донесени во последните 140 години, но и на влијанието на Втората светска војна на државното уредување на оваа држава.

Иницијативата за ова предавање доаѓа по покана на професорот д-р Мишо Докмановиќ, кој предава историјата на правото, а истовремено претставува дел од пошироките активности на Факултетот за унапредување на меѓународната соработка.
Во рамки на посетата, професорот Цукимура оствари и средба со деканот на Факултетот, проф. д-р Сашо Георгиевски. Двајцата професори ја истакнаа важноста од зајакнување на соработката меѓу двете академски институции, со посебен фокус на размена на студенти и професори на ниво на магистерски и докторски студии. дма/са/
Фото: Правен факултет „Јустинијан Први“-Скопје