• петок, 15 ноември 2024

Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај, заштита од пожари и имотни деликти

Превентивни активности на МВР за побезбеден сообраќај, заштита од пожари и имотни деликти

Скопје, 7 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од секторите за внатрешни работи Битола, Штип и Велес во текот на вчерашниот ден реализираа превентивни активности, пред се, од областа на сообраќајната безбедност и заштитата од имотни деликти.

Како што соопшти МВР, на подрачјето на СВР Штип, во Штип поточно на локации околу Градскиот пазар беа реализирани превентивни активности примарно фокусирани на заштитата и превенцијата од џебни кражби, како и за превенцијата од кражби и измами, спроведени на повеќе локации во Делчево.

Отсекот за превенција при СВР Велес пак, вчера, на магистралниот пат А1 (Градско-Прилеп) кај селото Сирково, реализира превентивна активност од областа на безбедноста во сообраќајот, со посебен акцент на задолжителното користење заштитни појаси и управување на возило со брзина дозволена согласно условите на патот.

На подрачјето на СВР Битола, поточно во Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод спроведоа едукативна работилница од областа на сообраќајот со учениците од ООУ „Свети Климент Охридски“, додека пак   полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола во рамки на одбележувањето на Детската недела во основното училиште „Гоце Делчев“ во Битола за првооделенците реализираа предавање за безбедноста во сообраќајот.

Исто така, превентивни активности организираа и спроведоа ОВР Ресен и ОВР Демир Хисар, со фокус на темите околу спречување и заштита од бесправна сеча на дрва и заштита на шумите од пожари. вг/

Остани поврзан