• понеделник, 23 декември 2024

Превентивни активности на МВР за заштита од пожари и побезбеден сообраќај

Превентивни активности на МВР за заштита од пожари и побезбеден сообраќај

Скопје, 27 септември 2023 (МИА) - Превентивни активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштитата на шумите од пожари вчера беа реализирани на подрачјата под надлежност на Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола и Штип и РЦГР Север, информираат од МВР.

- На подрачјето на СВР Скопје, поточно во реоните на селата Орман и Никиштани, беа спроведени превентивни активности од кампањата за заштита на шумите од пожари, додека пак на подрачјето на СВР Штип, односно во Делчево, ОВР Делчево ја реализираше акцијата под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“, соопштуваат од Министерството.

Полициски службеници од СВР Битола, односно од ОВР Прилеп, Крушево и Ресен, на подрачјето на Прилеп, Крушево и Ресен спровеле едукативно-превентивни активности во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот, фокусирајќи се на правилното паркирање, на заморот како проблем во сообраќајот и на безбедноста на пешаците.

- Вчера и полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, поточно од ПС за ГП и ГН Пелинце на подрачјето на оваа организациска единица, спроведоа едукативни активности во насока на превенција од шумски пожари, известуваат од полицијата. ир/ац/

Фото: МВР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан