• вторник, 16 јули 2024

Превентивни активности на МВР во Битола и во Штип

Превентивни активности на МВР во Битола и во Штип

Скопје, 27 октомври 2023 (МИА) - Повеќе превентивни активности беа реализирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на секторите за внатрешни работи Битола и Штип, информира МВР. 

Во средно училиште во Битола беше спроведено едукативно предавање на тема „Кажи не на дрогата, да на животот“.

На подрачјето на Битола беше спроведена и активност од областа на сообраќајот „Вози одговорно, стави појас“, а на подрачје на ПО Новаци се реализираше едукативно-превентивна активност „Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“.

На подрачје на СВР Штип, односно на подрачје на Кочани и Берово беа спроведени превентивни активности на тема заштита од имотни деликти.

- На граѓаните им беа дадени совети за заштита од кражби, измами и разбојништва, информира МВР.

Во текот на вчерашниот ден во Пробиштип беше спроведена превентивна активност од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата под мотото „Стави појас“. мд/

Фото: МВР

Остани поврзан