• четврток, 20 февруари 2025

Превентивна кампања на СВР Охрид - „И јас и ти сме пешаци“

Превентивна кампања на СВР Охрид - „И јас и ти сме пешаци“

Охрид, 18 февруари 2025 (МИА) - Отсекот за превенција при СВР Охрид, во текот на вчерашниот ден реализираше превентивно-едукативна кампања под мотото – „И јас и ти сме пешаци“, со цел поголема безбедност на пешаците како учесници во сообраќајот.

Активноста беше во насока на подигнување на степенот на безбедносна култура кај пешаците, нивно одговорно однесување и зголемена внимателност при преминување на коловозите со интенција, со цел повисока безбедност во сообраќајот и избегнување  сообраќајни незгоди.

Притоа, полициски службеници во соработка со Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата, на повеќе сообраќајници во Охрид остварија непосредна комуникација со пешаците и им укажуваа на доследно придржување кон правилата и прописите за безбедно преминување на коловозната лента и исклучиво користење на тротоарите и обележаните пешачки премини, целосно почитување на поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација.

На пешаците им беа поделени летоци и друг едукативен материјал, изработен во соработка со РСБСП, со низа практични совети за безбедно преминување на коловоз кои водат кон јакнење на личната но и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот. аб/дма/

фото:СВР Охрид

Остани поврзан