Превентивна кампања „Вози одморен"
- Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот денеска кај наплатната станица „Глумово“ продолжија со едукативно превентивната акција „Вози одморен!".
Скопје, 16 август 2021 (МИА) - Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот денеска кај наплатната станица „Глумово“ продолжија со едукативно превентивната акција „Вози одморен!".
Целта на кампањата, стои во денешното соопштение од МВР, е да се потсетат возачите за влијанието на заморот, за последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од заморот и да се поттикнат да прават повеќе паузи, да консумираат повеќе течности, да патуваат одморени и наспиени и да го запрат своето возило веднаш штом ги почувствуваат првите знаци на замор.
- Покрај брзото возење и алкохолот, заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни незгоди во летниот период. Имајќи ја во предвид ваквата состојба, МВР и РСБСП во текот на летниот период, на повеќе локации во целата држава организираат превентивно едукативни активности под мотото „Вози одморен“, се наведува во соопштението од МВР. цр/лв/