Превентивна акција на ОВР Кочани во Општината Чешиново - Облешево: „Не биди нем сведок - пријави насилство“
- ОВР Кочани во соработка со Општина Чешиново-Облешео денеска ја реалзираше превентивната активност „Не биди нем сведок- пријави насилство“ со цел да се зголеми свеста и информираноста кај жителите за последиците кај оние кои трпат насилство, насилно се однесуваат или пак присуствуваат на настаните во кои има насилство, како и да се потикнат да пријават секаков вид на насилство.
Кочани, 31 март 2026 (МИА) - ОВР Кочани во соработка со Општина Чешиново-Облешево денеска ја реализираше превентивната активност „Не биди нем сведок- пријави насилство“ со цел да се зголеми свеста и информираноста кај жителите за последиците кај оние кои трпат насилство, насилно се однесуваат или пак присуствуваат на настаните во кои има насилство, како и да се потикнат да пријават секаков вид на насилство.

Во непосредна комуникација, на жителите им беше потенцирано и за врсничкото насилство за рано препознавање на знаците и промовирање на емпатија - учење на толеранција и меѓусебно почитување.
Насилството е комплексен процес кој може успешно да се реши во соработка со институциите вклучувајќи го училиштето, полицијата и центарот за социјални флаери, се наведува во соопштението на Општина Чешиново - Облешево.
На присутните им беа делени и флаери со едукативна содржина. ис/вј/
Фото: Општина Чешиново - Облешево