• четврток, 09 јануари 2025

Превентивна активност за заштита од екстремни температури на скијачкиот центар „Михајлово“

Превентивна активност за заштита од екстремни температури на скијачкиот центар „Михајлово“

Кавадарци, 9 јануари 2025 (МИА) - Превентивна активност за заштита од екстремни температури се реализираше денеска на скијачкиот центар „Михајлово“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

- Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи - Југ, во соработка со локалната власт во општина Кавадарци, денеска на ски-центар „Михајлово“, со посетителите на центарот, како и со жители на околните места кои гравитираат околу Михајлово, спроведоа превентивна активност фокусирана на заштита од екстремни температури, појаснуваат од МВР. 

Полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните, преку практични и показни активности, укажувале како луѓето можат и треба да се заштитат во околности на екстремни временски услови и непогоди, особено при снежни наноси и мраз, потоа како да се пружи прва помош во насока на превенирање на потенцијалните опасности. свд/мд/

Фото: Министерство за внатрешни работи

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан