• понеделник, 23 декември 2024

Прв смртен случај од коронавирус во Унгарија

Прв смртен случај од коронавирус во Унгарија
Будимпешта, 15 март 2020 (МИА) - Унгарската Влада го потврди денеска првиот смртен случај од коронавирус во земјата. Во владиното соопштение се наведува дека станува збор за 75-годишен унгарски државјанин, кој починал веднаш откако е пренесен в болница со силна пневмонија и инфекција со коронавирус. Според официјалните податоци, во Унгарија има 32 потврдени случаја на заразени со Ковид-19 и 159 лица кои се ставени во карантин. Од оваа недела во земјата се затворени сите училишта и се воведени ограничувања за собирања на луѓе. гт/

Остани поврзан