• недела, 22 декември 2024

Прв случај на африканска свинска чума во Косово

Прв случај на африканска свинска чума во Косово

Приштина, 17 јули 2023 (МИА) - Во општина Клокот денеска е потврден првиот случај на африканска свинска чума, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово.

„Агенцијата за храна и ветеринарство со свои екипи излегоа на терен за дијагностички истражувања на фармата, земање мостри и изолирање на фармата. Резултатите од мострите потврдија присуство на таа болест. “ се вели во соопштението.

Екипи на ветеринарни инспектори заедно со договорената фирма ги уништија заболените женки и ја дезинфицираа фармата и се околу фармата. Започна епидемиолошкото истражување на фармите на периметар од три километри.

Врз основа на важечкиот закон, агенцијата формираше кризен штаб кој ќе биде одговорен за управување со ситуацијата и надзор на активностите за спречување на ширењето на болеста.

Африканската свинска чума е заразна вирусна болест која предизвикува хеморагична треска кај домашните и дивите свињи со висока стапка на смртност до 100 проценти. зш/

Остани поврзан