• петок, 05 декември 2025

Прв случај на африканска свинска треска во Шпанија од 1994 година

Прв случај на африканска свинска треска во Шпанија од 1994 година

Мадрид, 28 ноември 2025 (МИА) - Шпанија го регистрира својот прв случај на африканска свинска треска од 1994 година, откако вирусот беше пронајден кај две мртви диви свињи во близина на Барселона, објави денеска Министерството за земјоделство.

Министерството ја информираше Европската Унија и активираше итни мерки во погодената област додека истрагата за потеклото на инфекцијата продолжува.

Вирусот, кој е безопасен за луѓето, но смртоносен за свињите, се шири низ Западна Европа во последните години.

Болеста нанесе тежок удар на свињарската индустрија во Германија и доведе до забрана за извоз во прекуокеанските земји.

Во последните месеци, Хрватска, исто така, се бореше да го спречи ширењето на болеста на свињарските фарми.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан