Прв пат поделени канти за селекција на отпадоци по домаќинства во Тетово
- Граѓаните на Тетово ќе можат да почнат со селекција на отпадот, откако од денеска почна првичната распределба на специјални канти. Во 205 домаќинства односно куќи со дворови почна доставувањето по три канти по 120 литри. Во жолти канти ќе можат да селектираат и оставаат пластични шишиња, во темносини канти хартија и во црни кати мешовит комунален отпад.
Тетово, 2 септември 2025 (МИА) - Граѓаните на Тетово ќе можат да почнат со селекција на отпадот, откако од денеска почна првичната распределба на специјални канти. Во 205 домаќинства односно куќи со дворови почна доставувањето по три канти по 120 литри. Во жолти канти ќе можат да селектираат и оставаат пластични шишиња, во темносини канти хартија и во црни кати мешовит комунален отпад.
- Од населбата „Тетовчанка“ почнуваме со процесот на примарна селекција, проект на Јавното комунално претпријатие „Тетово“ и министерството за животна средина, на 205 фамилии ќе поделиме канти за селекција на отпадот. Со овој проект значи се предвидува, на овие фамилии да се доделат по 3 канти каде една ќе биде за примарна селекција на пластичните материјали, втората за примарна селекција на материјалите од хартија и трета за мешан комунален отпад. Во овој проект се вклучи и приватниот оператор за подигање на смет Саубермахер кој ги додели кантите за комунален отпад и со истите ќе менаџира понатаму, изјави Биљал Касами, градоначалник на Тетово.
Тој апелираше жителите да се повнимателни со јавните површини.
- Денес претпладне, сите вработени во јавното комунално претпријатие излегоа да го исчистат просторот од Тетово до местото наречено Бањиче, каде што секојдневно шетаат нашите граѓани ги уживаат убавините на тој дел од градот. Замолница до сите тетовчани да ги чуваат јавните површини, убавините кои ни се дадени од Бога треба да ги чуваме ние и да внимаваме да бидат чисти и средени, рече Касами.
Тој информираше и дека на 30 локации низ градот исто така ќе бидат поставени контејнери за селекција на отпад.ас/
Фото: МИА