Прв академски час на БАС-Бизнис академија Смилевски
- Новата академска година почна за студентите во Бизнис академија Смилевски, кои студираат во Скопје и Битола.

Битола, 2 октомври 2023 (МИА) - Новата академска година почна за студентите во Бизнис академија Смилевски, кои студираат во Скопје и Битола.
На првиот академски час во Битола, пред студентите кои ќе студираат на студиските програми Бизнис Менаџмент и Маркетинг менаџмент, зборуваа основачот на академијата, проф. д-р Цветко Смилевски, проф. д-р Гордана Тасевска, заменик директорка на БАС, проф. д-р Тони Соклевски, менаџер за развој, професори од редовниот наставен кадар, како и надворешни соработници.
Во новата академска година запишани за 20 насто повеќе студенти во однос на минатата година кои се определија за редовно или вонредно студирање. мт/мч/
Фото: МИА