• понеделник, 23 декември 2024

Првпат по 70 години во САД ќе биде егзекутирана жена

Првпат по 70 години во САД ќе биде егзекутирана жена
Вашингтон, 17 октомври 2020 (МИА) - Во САД, првпат по 70 години, ќе биде егзекутирана жена, која е осудена на смрт на сојузно ниво, соопшти американското Министерство за правда. Пресудата ќе биде извршена на 8 декември. Осудената Лиза Монтомери е прогласена за виновна поради свирепото убиство на бремена жена во 2004 година. Егзекуцијата ќе биде извршена со смртоносна инјекција во американската сојузна држава Индијана. Егзекутиран ќе биде и Брендон Бернард, кој во 1999 година, заедно со соучесници, уби двајца политичара. гт/

Остани поврзан