• недела, 22 декември 2024

Прво финале во ЛШ за Начевски и Николов

Прво финале во ЛШ за Начевски и Николов

Келн, 9 јуни 2024 (МИА) – Најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе ја делат правдата на денешниот натпревар во Келн со кој ќе биде заокружена сезоната во ракометната Лига на шампиони.

Дуелот во „Ланксес Арена“ меѓу Алборг и Барселона ќе биде прво финале во елитното натпреварување во кариерата на двојката Начевски – Николов.

Почетокот на натпреварот е закажан за 18 часот. 

На завршниот „Фајнал фор“ турнир во Келн, Германија од 15 часот е средбата за третото место во која се среќаваат германските екипи Магдебург и Кил. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан