• петок, 21 февруари 2025

Прво прелиминарно рочиште од судскиот процес против Јун

Прво прелиминарно рочиште од судскиот процес против Јун

Сеул, 20 февруари 2025 (МИА) – Отповиканиот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-јеол денеска се појави на првото подготвително рочиште во судскиот процес против него под обвинение дека го предводел бунтот.

Иако на подготвителното рочиште не се бара присуство на обвинетите, сепак Јун одлучи да присуствува на седницата. По рочиштето, Судот го разгледува барањето на Јун да биде пуштен на слобода.

Јун е прв претседател на Јужна Кореја на кого му се суди. Тој од јануари е во притвор, а му се суди бидејќи на 3 декември 2024 година прогласи воена состојба, што предизвика политичка криза во Јужна Кореја. Јун може да се соочи со доживотна или смртна казна.

За време на рочиштето пред Судот во Сеул, каде беа распоредени околу 3.200 полицајци, имаше околу 500 приврзаници на Јун, кои бараат негово ослободување. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан