Прво издание на манифестацијата „Ohrid water festival“
- Промоција на Охрид, спортовите на вода и заштита на животната средина се целите на првиот Фестивал на водени спортови „Ohrid water festival“ што од утре до 27 август ќе се одржува во градот.

Охрид, 18 август 2023 (МИА) - Промоција на Охрид, спортовите на вода и заштита на животната средина се целите на првиот Фестивал на водени спортови „Ohrid water festival“ што од утре до 27 август ќе се одржува во градот.
Манифестацијата предвидува богата спортска и социјално-едукативна програма, со низа интересни и забавни содржини осмислени да го привлечат вниманието на публиката.
Спортскиот дел опфаќа 17 спортски содржини, меѓу кои и Охридскиот пливачки маратон што ќе се одржи на 26 август. Две третини од спортовите на фестивалот се олимписки дисциплини. Во рамки на фестивалот ќе се одржат и веслачка, кајакарска и едриличарска регата, трка со кајчиња, водени лудории, подводни активности, а преку изложби и социјални настани ќе бидат презентирани спортовите на вода, но и гастрономската и културната понуда на Охрид.
Дел од манифестацијата ќе биде и панел дискусија на која покрај за спорот, ќе се говори за заштитата на животната средина и промоцијата на туризмот преку одржлив развој.
Фестивалот ќе биде заокружен со концерт на Камерниот битолски оркестар „Рок Симфонија“, додека во спортскиот дел со второто издание на акватлонот на Охридското Езеро и и „Регатата со традиционални охридски кајчиња“. аб/дма/
Фото/плакат