Првото бебе во Тетово во 2025-та е машко
- Првото бебе во 2025 година во Тетово е машко. Родено е 35 минути по полноќ со царски рез во тетовската клиничка болница.

Тетово, 1 јануари 2025 (МИА) - Првото бебе во 2025 година во Тетово е машко. Родено е 35 минути по полноќ со царски рез во тетовската клиничка болница.
-Тешко е 2850 грама и долго 50 сантиметри. Тоа е второ дете на родителите Улфет и Бесар Ислами од Мала Речица. Според стручниот тим предводен од докторите Нагип Руфати и Љуљета Муљаку и педијатарот др. Антигона Треневскa, детето е во добра здравствена состојба, информираат од Клиничка болница. ас/лв/
фото:МИА