• петок, 02 јануари 2026

Првото бебе во Велес е женско

Првото бебе во Велес е женско

Велес,1 јануари 2026 (МИА) – Во велешката Општа болница денеска во 11:51 часот се роди првото бебе. Се работи за женско бебе кое е втора ќерка на 31-годишната Клементина Штерјовска. Бебето се вика Мила, тешка е 2,700 грама и долга 50 сантиметри.

- Мајката се породи со царски рез под контрола на д-р Ѓорѓиче Николов и главната сестра Бети Митковска  и целокупниот тим од сестри, инструментарки и акушерки на Гинеколошко-акушерското  одделение на велешката Општа болница, информира за МИА, главната сестра Митковска.

Попладнево, мајката и бебето ги посети градоначалникот  Марко Колев кој на мајката и врачи пригодни подароци и штедна книшка со 15 илјади денари. ад/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан