Првомајска честитка од НСДП до граѓаните
- НСДП на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита 1 Мај- Меѓународниот ден на трудот, чие одбележување веќе втора година по ред е во сенка на пандемијата со корона вирусот. В
Скопје, 1 мај 2021
НСДП на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита 1 Мај- Меѓународниот ден на трудот, чие одбележување веќе втора година по ред е во сенка на пандемијата со корона вирусот. Вонредните здравствени околности покажаа дека економските и социјалните прашања не можат да бидат оставени на маргините од националните политики, положбата и стандардот на работниците и нивните права се покажаа како ранлив сегмент кој побара мобилизација на социјалните државни механизами за нивна заштита.
Веруваме дека сите економски и социјални потешкотии кои работниците ги искусија во оваа пандемија, може да бидат дополнителен мотив за мобилизација на политичка енергија во Северна Македонија, која ќе се насочи кон посилна институционална заштита и унапредување на положбата и статусот на работникот и неговиот труд.
НСДП продолжува политички да се бори за зајакнување на социјалната држава, социјалната и економската инклузија, за унапредување на правата, стандардот и положбата на работникот, за вистинско заживување на социјалниот дијалог и синдикалното организирање. За НСДП остануваат императиви хуманиот пристап кон работникот и вреднувањето на неговиот труд како неизоставен дел од ланецот на создавање на дополнителна економска вредност во државата.
ЧЕСТИТ 1 МАЈ!
СЛУЖБА ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ НА НСДП
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.