• недела, 22 декември 2024

Први американски санкции поради сексуално насилство за време на судирите во јужен Судан

Први американски санкции поради сексуално насилство за време на судирите во јужен Судан

Вашингтон, 20 јуни 2023 (МИА) – САД првпат воведуваат економски санкции поради сексуално насилство во конфликт, против двајца јужносудански функционери, соопшти денеска американското Министерство за финансии.

САД ги санкционира воениот функционер Џејмс Нандо и политичкиот функционер Алфред Футујо, кои ја злоупотребиле својата положба, политичка и воена власт, за да извршат сексуално насилство врз граѓаните на Јужен Судан.

САД ги отфрлаат сите форми на сексуално насилство во вооружените конфликти, изјави американскиот помошник министер за финансии, Воли Адејемо. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан