• петок, 22 ноември 2024

Првиот човек на СПАК потврди дека се води истрага против Илир Мета

Првиот човек на СПАК потврди дека се води истрага против Илир Мета

Тирана, 28 декември 2023 (МИА) - Првиот човек на албанското Специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, Алтин Думани, на денешната средба со новинарите потврди дека во тек е истрага против поранешниот шеф на државата Илир Мета, актуелен лидер на Партијата на слободата.

- Во однос на прашањето за Илир Мета,  тоа е прашање што се уште е под истрага и не го коментирам. На секоја средба ме прашувате за ова работа. Дадов одговор, рече тој на новинарско прашање.

Што се однесува на прашањето околу конфискација на имот на Моника Круемади, сопруга на Мета,  шефот на специјалното обвинителство кусо рече : нашите контроли се инструмент или механизам како средство за наоѓање докази.

Прашан за експонентите на албанската политика, Думани рече дека никој не е имун, дури ни самиот тој.

- Важно е никој да не биде имун. Доколку и јас го прекршам законот, обвинителот што е до мене, Аднан Џоли, ќе дојде и ќе ми го каже законот и доказите и се знае што следува,  рече Думани.

Во однос на поранешниот претседател и експремиер, Сали Бериша, кој се товари за пасивна корупција и за кого СПАК бара зајакнати безбедносни мерки " домашен притвор" и 24-часовен полициски надзор, тој со одговор дека " целата постапка е врз основа на законот".

За Бериша институцијата бара од Специјалниот суд мерка "домашен притвор", 24- часовен полициски надзор и забрана за комуникација со други лица, освен со оние со кои живее во станот.

Денеска по третпат е одложено донесувањето на одлуката, по повтореното барање на неговите адвокати за изземање на судијката Ирена Ѓока. вт/сд/

 

Остани поврзан