• вторник, 30 април 2024

Првиот конвој камиони со хуманитарна помош пристигна во Газа преку северниот премин

Првиот конвој камиони со хуманитарна помош пристигна во Газа преку северниот премин

Газа, 12 април 2024 (МИА) - Првиот конвој камиони со хуманитарна помош за Палестинците пристигна во Појасот Газа преку северниот премин, соопшти денеска израелската армија.

Новиот премин е изграден во рамки на серијата чекори насочени кон подобрување на хуманитарната ситуација во Појасот Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

Камионите вчера поминаа низ безбедносна проверка на преминот Керем Шалом, која ја спроведоа властите на копнените премини, со помош на војниците, пред да стигнат во Газа, додаваат од израелската армија.

Во соопштението не се наведува колку камиони имало во конвојот. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан