• недела, 22 декември 2024

Првиот заменик премиер Меџити, дел од 29 - та Конференција за климатски промени COP29 во Баку

Првиот заменик премиер Меџити, дел од 29 - та Конференција за климатски промени COP29 во Баку

Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, учевствува на 29-та Конференција на Страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, позната како  - COP29, која денеска започна во главниот град на Азербејџан, Баку.

COP29 е глобален настан кој обединува светски лидери и експерти од над 70 земји. Темата на овој самит е „Инвестирање во одржлива иднина“, со фокус на енергетската трансформација и заштитата на животната средина преку иновации и нови технологии, и обезбедува клучна платформа за земјите да ги координираат напорите за намалување на емисиите и промовирање на обновливите извори на енергија.

- Првиот вицепремиер Меџити, претстојува заедно со министерката за енергетика и рударство и минерални суровини Сања Божиновска, како дел од високата државна делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова, каде е дел од средбите на светските лидери на кои ќе се разговара за Парискиот договор и целта да се зголемат амбициите за климатската акција, и претставува можност за Македонија да создаде нови меѓународни партнерства и да обезбеди нови инвестиции во обновливи извори и одржлива енергетска инфраструктура, што ќе придонесе за постигнување на долгорочни климатски цели и економски развој, соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Од суштинско значење е, се додава во соопштението, да се имплементираат резултатите од глобалниот преглед за да се одржи целта кон 1,5 степени целзиусови, на национално определен начин.

Конференција на Страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, COP29, која се одржува во Баку, Азербејџан започна денеска, а завршува на 22 ноември 2024. цр/нд/

Фото: Министерството за животна средина и просторно планирање

 

Остани поврзан