• среда, 15 јануари 2025

Првиот вицепремиер Изет Меџити се сретна со унгарскиот амбасадор Андраш Клеин

Првиот вицепремиер Изет Меџити се сретна со унгарскиот амбасадор Андраш Клеин

Скопје, 13 септември 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на денешната работна средба со унгарскиот амбасадор, Андраш Клеин ја поздравил сеопфатната поддршка што Унгарија и ја дава на Северна Македонија, како на билатерален план, така и во процесот на пристапување на нашата земја во Европската Унија.

Двајцата соговорници, како што соопшти МЖСПП, се согласиле дека двете влади тесно соработуваат во насока на зајакнување на билатералните односи и забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.

Меџити истакнал дека унгарското претседавање со Советот на Европската Унија, кое е едно од главните тела за одлучување на блокот, ни дава можност да го забрзаме напредокот на интегративниот пат на нашата земја.

Двајцата соговорници разговарале и за Зелената агенда и улогата на нашата земја во борбата против климатските промени. дма/лв/

Фото:МЖСПП

 

Остани поврзан