Прва холандска трговска мисија од секторот за управување со води во Северна Македонија
- СООПШТЕНИЕ - Тринаесетчлена делегација од холандскиот сектор за управување со води учествуваше во првата трговска мисија во Северна Македонија на 7 и 8 ноември, насочена кон истражување на можностите за соработка во заштитата од поплави и управувањето со отпадните води.
Скопје, 8 ноември 2024
Тринаесетчлена делегација од холандскиот сектор за управување со води учествуваше во првата трговска мисија во Северна Македонија на 7 и 8 ноември, насочена кон истражување на можностите за соработка во заштитата од поплави и управувањето со отпадните води. За време на мисијата организирана од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија и Холандската агенција за претприемништво (РВО) тие се сретнаа со локалните партнери од јавниот и приватниот сектор како и со претставници од меѓународните организации кои работат на ова поле.
- Мисијата го истакнува силното партнерство меѓу Холандија и Западен Балкан, како и нашата меѓусебна посветеност за зајакнување на економскиот раст, стабилноста и регионалната интеграција. Холандија останува посветена во поддршката за Западен Балкан на патот кон европската интеграција – изјави координаторот на делегацијата Вим Мааскант.
Во нејзиниот поздравен говор амбасадорката на Холандија Узлем Џанел ја потенцираше итната потреба од паметни и одржливи решенија во водостопанскиот сектор. – Ова е предизвик со кој не можеме да се соочиме самостојно, туку заедно, преку вистински партнерства и иновативни пристапи можеме да ги заштитиме нашата животна средина и нашите заедници – рече таа.
По работните средби во Скопје, холандската делегација го посети одводниот систем Таор во близина на Скопје, како и прочистителната станица во општина Кочани, единствената во регионот која не креира отпад и претставува пример за циркуларна економија.
Амбасада на Кралството Холандија
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.