• вторник, 19 ноември 2024

Прва седница на Владата со новоизбраните министри

Прва седница на Владата со новоизбраните министри

Скопје, 28 февруари 2023 (МИА) - Владата на Република Северна Македонија, денеска ќе ја одржи првата седница, во состав со новоизбраните министри.Како што информираа од владината прес-служба, седницата е со почеток во 12:00 часот, а за заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана по нејзиното завршување.

Собранието синоќа ги избра четирите нови министри во Владата - Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање.цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан