Прва самостојна изложба на талентираната Нина Стоилковска од Крива Паланка
- Осумнаесет уметнички дела работени во дигитална техника, јаглен на хартија и акварел од младата Нина Стоилковска од Крива Паланка се изложени во галерискиот простор на НУ Центар за култура Крива Паланка во рамки на нејзината прва самостојна изложба „Анализа“.
Крива Паланка, 23 декември 2023 (МИА) – Осумнаесет уметнички дела работени во дигитална техника, јаглен на хартија и акварел од младата Нина Стоилковска од Крива Паланка се изложени во галерискиот простор на НУ Центар за култура Крива Паланка во рамки на нејзината прва самостојна изложба „Анализа“.
Паланчанката Стоилковска е средношколка, матурантка во средното уметничко уличиште „Лазар Личеноски“, Скопје, а ова е нејзина прва самостојна изложба работена во најголем процент преку различни софтверски програми.
- Мојот фокус е човекот, како инспирација што ме тпоттикнува да творам и тоа во најразлични техники.Сепак, ликовите што ги цртам се и од реалноста, како мојот дедо, некои пријателки, до ликови од филмови и актери кои ми оставиле најголем впечаток. Најголем дел од изложените дела се портрети , работени во софтверски рпограми, преку цртање на таблет и корекции и доработки ист так во електронск аверзија, дигитален формат. Сепак, останува како мотив главната моја инспирација, човекот и неговата слобода, симболично рпетатвена преку празниот простор на двете дланки на слиакта-носечка на плакатот од изложбата. Токму тој простор е целата слобода што човекот на човека треба да му ја даде за да може да креира и да живее по своја визија, рече Стоилковска.
Нејзина инспирација за да одбере уметничко стручно образованеие бил токму нејзинито брат, кој рече, бил исто така уметнички анстроен во миантото, а таа биал поттикната да ги следи и надмиен неговите чекори.
Нина Стоилковска е малда надежна уметница која својата перспектива ја гледа во мултимедијалниот дизајн, кадешто исто така досега има забележителни успеси и достигнувања.
Нејзина пасија е и режирање филмови и фотографија. Учестувала на повеќе филмски фестивали како „Winter apricots“ во Прилеп, “Teen dok interaction” во Чачак, Србија и „Џифони“, Скопје. ид/цр
Фото: МИА