• недела, 22 декември 2024

Прва прес-конференција на Бајден во Белата куќа, се осврна на имиграцијата и меѓународните односи

Прва прес-конференција на Бајден во Белата куќа, се осврна на имиграцијата и меѓународните односи
Вашингтон, 25 март 2020 (МИА) - Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска ја одржа својата прва официјална прес-конференција во Белата куќа, каде зборуваше за теми како што се имиграцијата, инфраструктурата, контролата на оружјето и меѓународните односи. Еден од моментите кои ги истакна е неопходноста од соработка меѓу двете партии, повикувајќи за ставање крај на политиките на раскол во земјата. Во таа смисла, Бајден ја истакна важноста од грижата за средната класа како општа задача со надпартиски карактер. - Подготвен сум да соработувам со сите републиканци кои се стремат да ги подобрат работите, кажа Бајден. Меѓу главните прашања беше нагласен напливот на имигранти на границата со Мексико. Во врска со тоа, претседателот спомена дека всушност станува збор за комплекс од проблеми кои се наталожувале со години. Укажа на големиот број на деца и малолетни лица меѓу имигрантите, се осврна на мерките преземени од американските власти за регулирање на ситуацијата на границата. Бајден истакна дека најдобриот начин да се реши проблемот со имиграцијата е да се обрне вниманието кон проблемите во земјите од каде таа извира. Бајден ја истакна и важноста од обновата и развојот на инфраструктурата на САД. Планот на неговата администрација е да се вложат три трилиони долари за подобрување на инфраструктурата, со такви решенија важни за создавање нови работни места. За време на брифингот Бајден се задржа и на законската регулатива и електоралната пракса на ниво на држави. Тој изрази одлучност против ограничување на изборното право во каква било форма. Прашањата кои предизвикаа најмногу внимание од новинарите и јавноста се и контролата на оружјето по двата инцидента со масовни стрелби. Во вторникот, Бајден ги повика законадавците да усвојат регулатива за забрана на продажба на офанзивно оружје и да се преземат построги мерки во малопродажбата со оружје, но републиканците не ја поддржуваат таа иницијатива. Од меѓународните прашања, тој го допре проблемот со повлекувањето на војската од Афганистан. Претседателот ја истакна сложеноста на ова прашање, и тоа дека САД внимателно ја анализираат ситуацијата, бараат начин како таа да се реши, вклучувајќи ги одлуките од претходната администрација. Во врска со односите меѓу САД и Кина, претседателот истакна дека добро го познава кинескиот колега Си Џинпинг. Кажа за неговите долги разговори со него, и ги спореди Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин. Според него, конкуренцијата со Кина претставува огромен предизвик, и за победа во неа неопходни се сериозни инвестиции во научните истражувања и производството засновано на наука, делумно во сферата на медицината. Истовремено, тој додаде дека Пекинг треба да се повика на одговорност за низа активности на меѓународното поле, вклучително и поведението на Кина во Источно-Кинеското Море. Истакна дека е потребна и цврста позиција во однос на прашањето за кршењето на човековите права од страна на Пекинг. Но напомена дека тој проблем не се ограничува само на Кина. Бајден укажа, делумно, и за тоа дека иако Русија повеќе не зборува за комунизмот, таа наместо тоа зборува за авторитаризмот – системи во чии рамки основните одлуки ги донесува еден човек. На денешната прес-конференција, прва на Бајден по доаѓањето во Белата куќа, во салата прусуствуваа само неколку новинари, одобрени од Асоцијацијата на дописници од Белата куќа. Само два месеца по преземањето на фунцијата од претходникот Доналд Трамп, популарноста на Бајден останува висока. Како што покажува последната анкета на Ројтерс и Ипсос, спроведена на 17 и 18 март, 59 отсто од возрасното население во САД генерално дава позитивна оценка за работата на Бајден, а 35 отсто даваат негативна оценка. кб/гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан